Обновена старата бугарска граматика на злото!

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во денешниот број на печатеното издание на весникот „Слободен печат“ читајте за бугарските академици кои го негираат македонскиот јазик. Најдалеку во негирањето на македонскиот јазик отишол Бугарскиот институт за историски истражувања, кој во мислењето до БАН вели дека македонскиот јазик е „бугарски напишан на српска машина за пишување“.

Во новиот број читајте и за блокадата на собранието со илјадниците амандмани против една изборна единица, како и за познатите бизнисмени и многуте јавни претпријатија кои се на црната листа на УЈП.

Во „Слободен печат“ прочитајте ги и колумните на Жарко Јорданоски, Павле Богоевски, Сашо Орданоски и Лина Ќостарова Унковска.

Од останатите теми, во печатеното издание и за вонредната контрола по фотографиите со сомнителен отпад, за Зелениот договор од 280 милијарди евра за спас на планетата, но и за тоа како филмот „Врба“ на Милчо Манчевски помина во Холивуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот