Облачно со силен ветер од над 70 километри на час

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, наутро во западните, а потоа и во северните делови, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, понекаде со брзина од над 70 километри на час. Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места. Максималната температураќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно од изутрина со силен ветер проследен со повремен дожд. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Утринава е облачно со умерен до силен северен ветер проследен со слаб дожд, а најсилен е ветерот повисоко во Скопската котлина.

До 7 часот минималните температури биле -2 на Попова Шапка, 0 во Берово, 2 Крива Паланка, Крушево, 3 Штип, 4 Претор, 5 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Струмица, 6 Охрид, Дебар, Прилеп и Куманово, 7 Битола и 8 во Тетово. Висината на нежната покривка е 6 сантиметри на Попова Шапка.

Изминитатите 24 часа наврнале два литра дожд на метар квадратен во Крушево и три во Тополчани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот