Новогодишни бастунчиња

Состојки

250 гр путер
250 гр шеќер
1 јајце
3 пакетчиња ванилин шеќер
2 лажици млеко
750 гр брашно
малку сол
црвена боја за половината тесто
шеќерни бонбони за декорација

Подготовка

Замесете тесто од сите состојки. Во едната половина ставете црвена боја и убаво премесете го тестото.

Ставете го во фрижидер да отстои еден час.

Поделете го тестото на мали топчиња. Исучете ги топчињата и спојувајте ги едно црвено и едно бело.

Превиткајте ги на врвот да добијат форма и редете ги на плех покриен со хартија. Печете ги 10-12 минути на температура од 180 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот