Новогодишната прослава на Тајмс Сквер само за вакцинирани

Новогодишна прослава Њујорк
Новогодишна прослава во Њујорк/ Фото EPA-EFE/Salvador Sas

Њујорк ќе им дозволи само на вакцинираните граѓани да се соберат на Тајмс Сквер за дочекот на Новата 2022 година, најави вчера градоначалникот Бил де Блазио, откако минатогодишниот пречек беше скромен поради пандемијата.

Стотици илјади луѓе ќе можат да присуствуваат на традиционалното спуштање на светлото топче доколку докажат дека се целосно вакцинирани против корона вирусот, изјави Де Блазио за новинарите.

Луѓето кои не можат да се вакцинираат од медицински причини ќе мора да покажат негативен ковид тест не постар од 72 часа пред настанот, објави Си-Ен-Ен.

„Сакаме да бидеме одлични, да бидеме полни со живот, сакаме тоа да биде голема прослава на Новата година“ изјави Де Блазио.

Тајмс Сквер беше речиси празен на почетокот на 2021 година, а само работниците од основните служби и поканетите гости можеа да го следат спуштањето на топката притоа почитувајќи ја физичката дистанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот