Ново истражување: Пишувањето со рака jа подобрува меморијата и активира повеќе делови од мозокот

Фото: Pexels / jeshootscom

Норвешки научници ја следеле мозочната активност кај луѓето и откриле дека пишувањето букви со рака е многу подобро отколку пишувањето на тастатура, пишува „Медикал експрес“.

Напредокот на дигиталните апарати доведе до целосно потиснување на тетратките и моливите, а белешките во училиштата и универзитетите ширум светот сè почесто се пишуваат на компјутери. Се препорачува користење тастатура бидејќи често е побрзо од пишувањето со рака.

Сепак, според новата студија пишувањето со рака значително ја подобрува меморијата и активира повеќе делови од мозокот.

За да откријат дали пишувањето букви со рака или на тастатура води до поголема поврзаност со мозокот, научниците од Норвешка ги истражувале невронските мрежи вклучени во двата од овие начини на пишување.

„Покажавме дека при пишување со рака мозочните врски се многу поголеми отколку кога пишувате на тастатура. Оваа врска во мозокот е клучна за запомнување и создавање на нови информации, а со тоа и за учење“, вели проф. Одри ван дер Мир, истражувач на мозокот на Норвешкиот универзитет за наука и технологија и коавтор на студијата.

Научниците ги собрале податоците за ЕЕГ од 36 студенти кои ги запишале или пишувале зборовите што се појавувале на екранот.

Кога пишувале, користеле дигитално пенкало на екранот на допир, а кога пишувале со еден прст пишувале на тастатурата. ЕЕГ се прави со 256 мали сензори зашиени на капа поставена на главата и ја мери електричната активност во мозокот пет секунди по секое движење.

Поврзаноста на различни делови од мозокот се зголеми при пишување со рака, но не и при куцање на тастатура.

„Покажавме дека има разлика во мозочната активност при пишување букви со рака, бидејќи вклучени се и други сетила. Спротивно на тоа, едноставното движење на куцање букви на тастатурата не го стимулира мозокот толку многу“, изјави Ван дер Мир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот