Новиот изглед на Меган Маркл: Некои шпекулираат дека е оперирана, а други тврдат дека ја копира Кејт Мидлтон

Новиот стил на Меган Маркл / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Меган Маркл беше во голема мера надвор од очите на јавноста во последниве месеци, што доведе многумина да шпекулираат дека можеби имала некои козметички процедури.

Војвотката од Сасекс го направи своето прво појавување откако објави дека нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс, а некои велат дека нејзиниот прекрасен нов изглед е „сомнително сличен“ на изгледот кој принцезата Кетрин, попозната како Кејт Мидлтон, го негува со години.

Маркл дебитираше со елегантно исправена коса, додека се појави преку видео врска на „TED Talk“ на нејзиниот пријател фотограф Мисан Хариман во текот на викендот, што предизвика шпекулации меѓу публиката која сето тоа го следеше на социјалните мрежи.

„Тажната Меган Маркл сака да биде Кејт Мидлтон“, напиша еден корисник на Твитер, прашувајќи се дали поранешната актерка се променила повеќе од косата.

epa-efe
Принцезата Кетрин и Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA EDITORIAL USE ONLY/NO COMMERCIAL SALES

Друг корисник тврдел дека Маркл ја променила бојата на очите за да личи на нејзината 41-годишна снаа, велејќи : „Боже. Меган Маркл, која е љубоморна и опседната со принцезата од Велс, носи контактни леќи за да изгледа како Кејт“.

Во меѓувреме, многубројните поддржувачи на Маркл масовно излегоа со коментари за нејзиниот изглед.

„Меган немаше пластична операција“, изјавил еден нејзин поддржувач. „Се работи за осветлување, агли и контури. И зацрвстувањето на косата е нешто што го прават многу црни жени. Тоа нема никаква врска со „бришење на сите траги од потекло. Исто така, белите луѓе треба да замолчат за косата на црните жени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот