Новинарка на „Вашингтон пост“ го навлече гневот на нацијата со твитови за Коби Брајант

Фото: EPA/MARK R. CRISTINO

Фелисија Сонмез со неколку објави на Твитер сакаше да ги потсети своите следачи за случајот кој е стар 17 години, а потоа објави и дека добивала смртни закани.

Новинарка на „Вашингтон пост“ е суспендирана од страна на нејзината компанија откако вчера, на еден час по смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант, сподели текст од 2016 година во кој се зборува за случај од 2003 година кога кошаркарот беше обвинет за силување, пренесува српски „Курир“.

Фелисија Сонмез со неколку објави на Твитер сакаше да ги потсети своите следачи за случајот кој е стар 17 години, а потоа објави и дека добивала смртни закани.

Нејзините твитови навистина привлекоа големо внимание, а дури ниту новинарите кои работат со неа не беа задоволни со нејзината одлука.

Како што пишуваат американските медиуми, таа со твитот ја намалила вредноста на нејзините колеги новинари кои вложиле труд до детал да напишат се за долгата и богата кариера и трагичната смрт на Коби Брајант.

„Ова навистина ќе ви ги отвори очите“, напиша Сонмез.

– Ги молам оние 10.000 луѓе (буквално толку) кои ми пишаа мејлови и ми испратија закани да го прочитаат текстот кој го споделив. Тоа што луѓето реагираат вака, зборува за тоа дека биле под притисок да молчат за тоа. Сите познати личности треба да се следат во сите апсекти на нивното делување – напиша Сонмез.

За потсетување, Коби Брајант беше обвинет за силување на 19-годишна девојка во 2003 година, во еден хотел во Колорадо.

Случајот е отфрлен откако работничка во хотелот одбила да сведочи. И покрај тоа, Коби се соочи со светот појавувајќи се на конференција за новинари заедно со сопругата.

Американските медиуми тогаш шпекулираа дека сопругата Ванеса прифатила да се појави на пресот поради тоа што Коби ѝ купил дијамантски прстен.

На крајот се дозна дека Коби бил неверен, а дека младата работничка во хотелот од авантурата сакала да дојде до милионска отштета од еден од најбогатите кошаркари на сите времиња.

Му се закануваше казна од четири години до доживотен затвор, но на крајот се што доби беше нарушен имиџ и брачна криза, која со сопругата Ванеса ја надминаа.

Коби Брајант вчера трагично загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот