НОВИ ДЕТАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ИЗЖИВУВАЊАТА НА ЕПСТАЈН: „Ми рече дека сум престара за него, а потоа ме силуваше“

Ејми Меклур (48) го обвини починатиот педофил милијардер Џефри Епстајн дека ја силувал во 1993 година, кога таа имала 21 година, а тој 40, и откако ѝ рекол дека таа е „премногу стара“ за него, пренесе српски „Курир“.

Меклур раскажа како го запознала овој контроверзен милијардер. Се започнало кога од сојузната држава Калифорнија се преселила во Њујорк за да стане модел. На една забава во велелепна палата на Менхетн, таа се запознала со мистериозен Французин, кој ѝ зборувал за Епстајн и ѝ рекол дека таа би му се допаднала на милијардерот.

Следниот ден таа се сретнала со него, а средбата детално ја опиша за медиумите.

– Ми рече да се соблечам бидејќи сакаше да биди како изгледам. Тоа и го направив, а потоа направи да се почувствувам многу лошо. Ме праша колку години имам, му реков 21, а тој се налути – рече таа.

Потоа, според нејзините зборови, тој ѝ рекол дека таа е „премногу стара“ за него, но прашал дали може да ја заврши масажата која и ја давал.

– Потоа, тој ме принуди на орален секс – рече Ејми.

Според зборовите на жртвата, тој седнал на маса и нејзината глава ја потпрел врз него, за потоа да ја бутне на подот и да ја силува.

– Се сеќавам како врескав и му велев да прекине. Потоа ми рече дека ќе ми ја уништи кариерата ако некому кажам за ова. Направи да се почувствувам да не вредам за ништо, како да не сум вредна за неговиот труд или било што друго. Се почувствував посрамотено и глупаво – додава таа.

Неколку години подоцна, таа вели дека тие повторно случајно се сретнале, но Епстајн не ја препознал Ејми Меклур.

Во моментов има 16 тужби против Епстајн, но адвокатите велат дека секојдневно примаат повици од жени кои велат дека и тие се негови жртви.

Меклур во интервју за еден британски медиуми апелираше до принцот Ендрју и Гислејн Максвел да истапат и неа и на други жртви да им ги дадат вистинските одговори, како и да објаснат зошто останале на негова страна и по првите обвиненија.

Таа упати критики до Максвел, блиската соработничка на Епстајн, и рече дека таа е полоша од Епстајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот