Нови детали: Ванда изнајмила приватен детектив, му го хакирала мобилниот телефон на Икарди кој плаче и не тренира

Ванда Нара и Мауро Икарди продолжуваат да ја забавуваат јавноста/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Сапуницата околу бракот на Мауро Икарди и Ванда Нара има „нова епизода“, а се поизвесно е дека ќе заврши со развод.

Во последната епизода од сапуницата, Ванда Нара си замина од семејниот дом во Париз поради секс аферата на Икарди со аргентинската актерка Еухениа Суарез, додека денешната епизода Ванда ја најави така што објави фотографија на Инстаграм без прстен на својата рака и ги избриша сите заеднички фотографии.

Раката подобро ми изгледа без прстен“, објави Ванда Нара и дефинитивно потврди дека ова е крај бидејќи подоцна поднесе и барање за развод.

Во „денешната епизода“, Ванда откри дека по сомневањата оти Мауро Икарди ја изневерува, изнајмила приватен детектив, објавија италијанските медиуми.

Кога добила потврда дека фудбалерот на ПСЖ ја изневерува, Ванда му го хакирала мобилниот телефон и во него пронашла пораки во кои Еухениа Суарез бара да се видат со Мауро на некое место каде никој нема да ги препознае.

Кога му кажала што открила во неговиот мобилен телефон, Мауро не го негирал допишувањето, и на најверојатно поранешната сопруга и одговорил дека сето тоа било флерт и никогаш не се сретнал со актерката.

Да биде иронијата поголема, се започнало кога Мауро Икарди во моменти на љубомора побарал од Ванда да му ги покаже своите пораки во телефонот бидејќи се сомневал оти го изневерувала. Тогаш Ванда Нара ја започнала својата истрага и открила дека самата актерка преку заеднички пријател се обидела да дојде до неа и да ја запознае.

Според пријатели на Мауро Икарди, фудбалерот на ПСЖ е психички скршен, постојано плаче бидејќи не знае дали ќе успее да го спаси бракот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот