Нови цени на горивата: Цената полека се враќа на периодот пред нафтената криза

Цените растат за 2,5 до три денари за литар гориво во малопродажба.

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени на нафтените деривати во земјава. Информациите не се најповолни за потрошувачите бидејќи со оваа одлука цените ќе скокнат до три денари за литар. Со новите измени „Еуросупер 95″ ќе се продава по повисока цена за три денари и од ноќеска на полноч литар од ова гориво ќе чини 57,50 денари.

Цената на „Еуросупер – 98“ зајакнува за дополнителни 2,5 денари и сега литар бензин од овој тип ќе чини 59,50 денари.

И нафтата со поголема корекција. Цената расте за дополнителни 2,5 денари со што корисниците на ова гориво ќе мора да издвојат по 49,50 денари за литар.

Цената на екстралесното масло за домаќинство се позиционира на цена од 37,50 денари.

Според РКЕ, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката минатата недела и ќе изнесува 23,427 денари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот