Нови членки на Советот за безбедност на ОН се Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија

Совет за безбедност на ОН / Фото EPA-EFE/JASON SZENES

Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија вчера беа официјално примени во Советот за безбедност на ОН, каде што ги зазедоа своите места како непостојани членки со двегодишен мандат.

Согласно традицијата што ја воведе Казахстан во 2018 година, амбасадорите на петте земји ги поставија своите знамиња покрај знамињата на другите земји-членки пред салата за состаноци на Советот.

Мозамбиканскиот амбасадор, Педро Комисарио Афонсо, го опиша денот како историски, а неговиот швајцарски колега, Паскал Берисвил, рече дека чувствува „длабоко чувство на понизност и одговорност” по однос влезот на нивните земји во најмоќното тело на Обединетите нации.

Малта стана непостојана членка по втор, Еквадор по четврти пат, а Јапонија рекорден 12-ти пат.

Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД се постојани членки на Советот со право на вето на неговите одлуки. Останатите десет земји во неа се избираат од 193-членото Генерално собрание на светската организација со мандат од две години. Земјите кои стануваат непостојани членки се избираат на регионална основа, така што Советот има претставници од различни континенти.

За многу земји, стекнувањето место во Советот се смета за големо дипломатско достигнување што може да го подигне престижот на една земја на меѓународно ниво и да им даде на малите држави збор за главните меѓународни прашања за мир и безбедност.

Државите често водат кампања за членство во Советот. Шеесеттина земји на ОН никогаш не добиле место во Советот од неговото формирање во 1946 година.

Петте најнови членки ги заменија Индија, Ирска, Кенија, Мексико и Норвешка, чии мандати истекоа на 31 декември.

Преостанатите сегашни двегодишни членки се Албанија, Бразил, Габон, Гана и Обединетите Арапски Емирати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот