Нови четири симптоми на коронавирусот: Се појавуваат пред температурата и кашлицата

Фото: Профимедиа

Симптомите на коронавирусот вклучуваат температура, кашлица и губење на мирис и вкус, но можете да имате ризик од инфекција од Ковид-19 ако ги развиете следниве симптоми во стомакот.

Доколку развиете некои од непријатните симптоми во стомакот како што се пролив и мачнина, треба да разговарате со лекарот.

Пролив, мачнина, повраќање и губење на апетитот можат да бидат предупредувачки знаци на коронавирус, тврди специјалист за заразни болести од Британија, д-р Вилијам Маршал.

Овие симптоми не мораат да траат долго, но би можеле да бидат знак на инфекција. Гастроинтестиналните симптоми обично се развиваат пред основните симптоми, како температура и кашлица.

Од клиниката Мајо истакнуваат дека Ковид-19 може да развие широк спектар на симптоми.

– Може да предизвика гастроинтестинални симптоми како губење на апетит, мачнина, повраќање и дијареа. Овие симптоми можат да траат само еден ден и обично се случуваат пред треската и респираторните симптоми, истакнуваат докторите од Британија од стекнатите искуства периодов.

– Симптомите на Ковид-19 можат да се појават два до 14 дена по изложеност на вирусот, истакнуваат докторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот