Нови 432 случаи на коронавирус во Белгија

Во изминатите 24 часа се пренесени 322 лица на интензивна нега, а вкупниот број починати се искачи на 88.

Здравствените власти на Белгија денеска соопштија дека се потврдени уште 342 случаи на зараза од новиот коронавирус во изминатите 24 часа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Властите потсетуваат дека реалната бројка е сигурно поголема бидејќи се тестираат исклучиво болните лица и уште еднаш порачуваат да се почитуваат стриктно сите мерки на изолација.

Во изминатите 24 часа се пренесени 322 лица на интензивна нега, а вкупниот број починати се искачи на 88.

Сепак властите ја смируваат јавноста, бидејќи е констатирано мало намалување на бројот на регистрирани болни.

-За првпат гледаме развој во позитивна насока, но сѐ уште немаме доволно дистанца за да потврдиме дека оваа тенденција ќе се консолидира. Не смееме да престанеме со напорите затоа што ќе се појави втор бран ако попуштиме, знаеме исто така дека лицата активни во болниците се посебно изложено, така што дел од нив се сега болни, мораме да продолжиме со напорите, и потсетуваме дека сите возрасти се вектор на болеста, изјави портпаролот на кризниот центар, Емануел Андре. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот