Нови 38 случаи на коронавирус во Словенија

Медицински лица во Словенија / Фото: Архива

Во изминатите 24 часа, тестирани за вирусот биле 1.067 граѓани, а поради Ковид-19 хоспитализирани биле шест лица.

Докторите во Словенија потврдија 38 случаи на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Со овие нови, вкупниот број заразени лица сега изнесува 1.067.

Во изминатите 24 часа, тестирани за вирусот биле 1.067 граѓани, а поради Ковид-19 хоспитализирани биле шест лица. Во истиот период оздравеле четири пациенти кои веќе се отпуштени од болница.

Владиниот портпарол Јелко Кацин изјави дека засега заразата се држи под контрола, но дека кривата на заразени лица може многи лесно да се сврти нагоре доколку не се почитуваат мерките на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот