Нова студија: Начинот на кој дишете влијае на тоа како ги памтите работите

Фото: Pexels/ Natali Smirnova

Нашите шеми на дишење и нивните последици врз мозокот можат да ја зајакнат или ослабат нашата моќ за формирање меморија, открива новото истражување, а наодите потенцијално би можеле да помогнат во лекувањето на мозочните нарушувања и проблемите со менталното здравје, пишува „Саенс алерт“ („Science alert“).

Природното и спонтано однесување на телото при дишење е познато како медуларна респираторна активност.

„Дишењето е основна активност за одржување на животот кај цицачите. Иако деталите за респираторната функција во мозочните состојби остануваат нејасни, неодамнешните студии сугерираат дека дишењето може да игра важна улога за време на будната состојба на мозокот“, вели невронаучникот Нозому Накамура од Медицинскиот универзитет во Јапонија.

Во оваа нова студија, научниците истражуваат кластер на неврони, кај генетски модифицирани глувци. Тие откриле дека кога на глувците привремено им го прекинувале дишењето, животните биле помалку способни да формираат важни спомени за време на тестовите за препознавање предмети и условувањето на стравот.

Покрај тоа, се чини дека паузите во дишењето влијаат и на активноста на хипокампусот на мозокот, важен сегмент за долгорочно и краткорочно складирање на меморијата.

Понатаму, тимот на научници вели дека принудените неправилни шеми на дишење ја подобрило меморијата на глувците, додека забавувањето или прекинувањето на нивното дишење ја влошило меморијата на глувците.

Фото: Pexels/ Vlada Karpovich

Претходните истражувања на истиот тим веќе покажале дека префрлувајќи се од издишување на вдишување на почетокот или на средината на некоја мемориска задача, ги прави луѓето побавни и помалку прецизни во сеќавањето на одредени информации.

Научниците велат дека различните врски помеѓу дишењето и мозокот и начинот на кој вежбите за дишење можат да ни помогнат да се смириме, може да помогне на различни терапевтски начини.

„Начинот на манипулација со дишењето и примена на вежби за дишење ќе биде клучен за лекување и терапија на депресија и невропсихијатриски нарушувања“, вели Накамура.

Ова истражување беше проследено и со студија која користла скенирање на мозокот за поврзување на послабата меморија со деактивирање на темпоропариеталниот спој. Овој спој извршува многу различни задачи, обработувајќи информации од внатре и надвор од телото и наоѓајќи соодветни одговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот