Нова студија: Можно е двапати по ред да се заразите со омикрон

EPA-EFE
Ковид тест / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Новата студија, спроведена од истражувачи од најголемиот дански здравствен институт за заразни болести „Статенс серум институт“ (Statens Serum Institute), покажува дека инфекцијата од подтипот БA.2 може да следи многу брзо по изворната инфекција од подтипот БA.1, но дека тоа е ретка појава.

Овие два подтипа се разликуваат во 40 мутации.

Додека БA.2 во моментот претставува повеќе од 88 отсто од случаите во Данска, бројот на новозаразени со овој подтип почна да расте во Велика Британија, Јужна Африка и во Норвешка.

Реинфекциите најмногу ги погодија младите, невакцинирани луѓе и кај нив предизвикаа блага форма на болеста, но ниту една не резултирала со хоспитализација или смртен исход, рекле данските научници.

Во склоп на студијата спроведена помеѓу ноември и февруари, откриле 1.739 случаи кои покажуваат дека истото лице прво било заразено со подтипот БA.1, а потоа, по 20 до 60 дена и со подтипот БA.2.

Во тој период во Данска имало 1,8 милиони заразени луѓе.

Во помала група примероци, студијата открила 47 случаи на реинфекција БA.2 набрзо по инфекцијата од подтипот БA.1.

Истражувачите откриле и помалку вирусен материјал во втората инфекција, што укажува на тоа дека лицето развило имунитет по првата инфекција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот