Нова студија: Гените на неандерталецот се „виновни“ за големината на вашиот нос

Фото: Pexels/ MART PRODUCTION

Една нова студија на меѓународен тим на истражувачи од Универзитетски Колеџ во Лондон, откри дека дел од гените одговорни за назалната анатомија можеби се наследени од нашите братучеди-неандерталци., пишува „Сајенс Алерт“.

Анализата опфатила индивидуи од мешано европско, домородно американско и африканско потекло, кои одговараат на регионите на човечкиот геном, со структурите на лицето на одредени поединци. Овие совпаѓања потоа биле споредени со други студии за човечкиот и неандерталскиот геном.

Истражувачите откриле вкупно 26 генетски региони кои биле силно поврзани со обликот на човечкото лице. Оние со потекло од Индијанците имаат тенденција да поседуваат ген наследен од неандерталците наречен „ATF3“. Иако, главно е познат по својата улога за регенерација на нервното ткиво, регулиран со друг ген, тој може да влијае на обликот на лицето. Заедно со доказите кои покажуваат дека генот „ATF3“ станува активен додека се формираат нашите лица, истражувачите сугерираат дека неговото присуство може да направи значителна разлика во растот на носот. Се забележало дека генот „ATF3“ е „суштински отсутен“ кај индивидуите од европско потекло. Додека пак, кај испитаниците од Латинска Аметика се забележало поголемо влијание на генот. Научниците мислат дека благодарение на овој конкретен ген индивидуите имаат предност за преживување во одредени средини.

Неодамнешните студии покажуваат дека неандерталците и праисториските луѓе се репродуцирале во Европа и Азија. Некои од споделените гени од овие вкрстувања сè уште ги носиме во нас, а неколку се дури и поврзани со нашите здравствени придобивки, како што се побезбедни раѓања и подобрена отпорност на вируси или инфекции на кожата и крвта. Истражувачите велат дека ова откритие е второ откритие за ДНК на древните луѓе, што е поразлична од современиот човек, а влијае на обликот на нашето лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот