Нова рекордна вредност на Биткоинот – Слободен печат
ВестиЕкономија

Нова рекордна вредност на Биткоинот

Досега највисоката регистрирана вредност на Биткоинот беше во декември 2017 година кога истата изнесуваше 19.000 долари.

Речиси на полноќ, цената на критовалутата Биткоин ја надмина вредност од 11.300 долари, што е највисока цена во последните 15 месеци, односно од петти март 2018 година, пишува CNBC.

Според експертите проектот на социјалната мрежа Facebook за создавање на своја криптовалута Libra, повторно ја крена вредноста на дигиталните пари.

Досега највисоката регистрирана вредност на Биткоинот беше во декември 2017 година кога истата изнесуваше 19.000 долари.

Цените на криптовалутите бележеа опаѓање во минатата година, а истиот тренд продолжи и на почетокот на 2019 година кога вредноста падна на 3.000 долари.

Цената на Биткоин помогна да се зголемат цените и на другите дигитални пари, како Етериум, којашто има двојно поголема вредност годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close