Нова Ф1 титула за Хамилтон, една помалку зад легендарниот Шуми! (ФОТО+ВИДЕО)

фото/твитер

Луис Хамилтон го освои второто место на Големата награда на САД, што му беше доволно за освојување на нова титула светски шампион.

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон по шести пат е светски шампион на светот во Формула 1. Во Остин триумфираше неговиот клупски колега Валтери Ботас, а до победата дојде откако во финишот од трката го престигна токму Британецот.

За Финецот ова е вкупно седма победа во кариерата, а на победничкиот подиум после денешната трка се најде уште Макс Ферстапен.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер заврши како четвртопласиран, а уште една трка за заборав имаше Себастојан Фетел кој не успеа ниту да ја заврши трката.

Хамилтон уште еднаш ја потврди доминацијата во Ф1 светот, оваа сезона досега триумфираше на трките во Бахреин, Кина, Шпанија, Монако, Канада, Франција, Велика Британија, Унгарија, Русија и Мексико.

До крајот на сезоната 2019 останаа уште две трки (Бразил и Абу Даби), во генералниот пласман Хамилтон има 381 бод сигурен на првото место, а од второто до петтото место редоследно се наоѓаат Ботас (314), Леклер (249), Ферстапен (235) и Себастијан Фетел (230).

На вечната листа Хамилтон е на второто место по освоени шампионски титули (6), само една помалку зад водечкиот Михаел Шумахер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот