Нов земјотрес во Турција: Нема податоци за штети и жртви

Фото: МИА

Земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтерова скала ја погоди провинцијата Елазиг во источниот дел на Труција.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу седум километри.

Засега нема извештај за потенцијални жртви и материјална штета.

Ова е втор земјотрес за помалку од 24 часа во Турција, откако вчера земјотрес со јачина од 6.9 степени по Рихтерова скала исто така ја погоди оваа провинција.

Ударот се почувствувал и во соседните земји, Сирија, Либија и Иран. Загинаа 22 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот