Нов случај на брутално семејно насилство во Скопје: Маж ги претепал сопругата и нејзината мајка

Free public domain CC0 photo / rawpixel.com

47-годишен скопјанец е уапсен откако ги нападнал сопругата и нејзината мајка, соопшти МВР.

„На 02.03.2023 во 23.15 часот на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници го лишиле од слобода И.И.(47) од Скопје, затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата 45-годишна сопруга и нејзината мајка“, велат од полицијата.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот од Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот