Нов резил на Јувентус, Монца со првата победа во Серија А веројатно му го потпиша отказот на Алегри

Прва победа за Монца во Серија А/фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Фудбалерите на Јувентус продолжуваат со лошите игри сезонава и загубија од екипата која во првите шест кола во Серија А освои само еден бод.

„Старата дама“ беше надиграна и понижена од Монца која оствари историски успех, ја забележа првата победа во Серија А и многу веројатно му го потпиша отказот на Масимилијано Алегри.

Челниците на Јувентус до денеска упорно повторуваа дека Алегри ја има нивната поддршка, но италијанските медиуми веднаш по поразот на „старата дама“ почнаа да пишуваат дека најтрофејниот тим во Серија А во следното коло ќе има нов тренер.

Јувентус по седум кола има само 10 бода и се уште нема триумф на гости, а единственте победи ги оствари против Специја и Сасуоло на домашен терен.

Големи заслуги за триумфот на Монца има играчот на Јувентус, Анхел ди Марија кој во 40 минута заработи црвен картон. Голот за историска победа на Монца во Серија А го постигна Гуткјер во 74 минута.

Убедлив триумф оствари Лацио на гостувањето кај Кремонезе од 0:4. Два гола постигна Чиро Имобиле, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Педро.
Фиорентина со головите на Иконе и Гонзалез со 2:0 ја совлада Верона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот