Нов музички проект од Аудиокултура

Фото @ Stefan Rajhl - Alembic, AudioKultura

Со настап во живо на дуетот Алембик во чиј состав членуваат Ива Дамјановски и Виктор Танасковски, официјално започна реализација на нов музички концепт во организација на Аудиокултура насловен “Крај Вардарот сесии” во Аудиокултура.

Основна идеја на проектот е промоција на музиката и квалитетниот звук во простор кој високо ги надминува стандардните подиуми како концертна сала и фестивалска сцена. Поопфатната цел на овој проект е креирање и документирање на високо квалитетен аудио материјал кој по завршување на проектот ќе биде заокружен со издавање на винил запис.

Фото @ Stefan Rajhl – Alembic, AudioKultura

За таа цел, Аудиокултура на едно место ќе обедини реномирани музички имиња, но и млади уметници кои сериозно зачекориле кон освојување на домашните и светските сцени.

Вкупно 11 настапи во живо чија звучна репродукција ќе биде реализирана преку системите од teoharov audio, ќе бидат дел од креативен проект преку кој ќе се документира и со заедничко партнерство на Аудиокултура и Божиновски часовници и накит ќе се издаде нов, врвен музички материјал на винил “Најдоброто од Крај Вардарот сесии во Аудиокултура”.

Фото @ Stefan Rajhl – Alembic, AudioKultura

Секој од овие 11 настапи носи дополнителна и секогаш различна специфика овозможена од поддржувачи кои, секој на свој начин, во потполна усогласеност со концептот на Аудиокултура, ја покажуваат својата длабока почит кон музиката и оние кои навистина уживаат во неа.

Издавач на оваа плоча ќе биде PMG Records, во партнерство со Аудиокултура и Божиновски часовници и накит.

Фото @ Stefan Rajhl – Alembic, AudioKultura

“Крај Вардарот сесии” во Аудиокултура ќе се организираат еднаш во месецот и може да се посетат единствено со претходна резервација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот