НОТР ДАМ ГИ ТРУЕ ГРАЃАНИТЕ: Загрозено здравјето на оние кои живеат до катедралата

Фото: Принтскрин

Париската здравствена агенција им препорача на трудниците и децата под седум години кои живеат во близина на катедралата Нотр Дам да направат анализа на крвта, бидејќи постои опасност да се затруени од олово по пожарот кој ја уништи оваа катедрала.

Во пожарот, кој се случи на 15 април, стотици тони олово од запалениот кров на катедралата завршиле во воздухот.

Оловото подоцна се спуштило на земјата во вид на прашина, поради што е детектирано негово високо присуство, пренесуваат француските медиуми.

Според информациите од Париз, концентрацијата на олово моментално е од 32 до 65 пати поголема од ограничувањето кое го препорачуваат задравствените власти.

Во соопштението стои дека најголема опасност претставува прашината од оловото.. За да се избегне труење, властите препорачуваат трудниците и децата често да ги мијат рацете.

БОНУС ВИДЕО:

Пожарот остави пустош во Нотр Дам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот