Нострадамус предвидел голема катастрофа во Америка (ВИДЕО)

Францускиот астролог Нострадамус, најпознатиот светски пророк, во своите запасиси ги споменал и „вулканскиот оган“ и земјотресите во „Новиот град“ кои ќе се почувствуваат ширум светот, тврди британскиот таблоид „Дејли екпрес“. Некои во тоа гледаат најава за катастрофа во САД.

Теоретичарите на завери ова го толкуваат како предупредување на претстојната разорна ерупција и земјотресот во Сверна Америка, тврди британскиот весник. Потсетуваат и на француските средновековни астролошки стихови, пренесувајќи ја приказната за „земјотресот кој посебно ќе се однесува на западниот дел од Новиот град“.

Се вели дека тој ќе удри со толкава сила, „која ќе се почувствува во земјите ширум светот“, и „вулканскиот оган од средината на земјата која ќе го протресе Новиот град“.

Весникот наведува дека „Новиот град“ претставува континент кој Колумбо го открил пред Нострадамус да го запише своето мрачно пророштво. Британскиот таблоид објаснува дека глобалните тензии и природни катастрофи може да бидат знаци на катастрофата која Нсотрадамус ја предивдел пред 500 години.

Тој, предвидувајќи го крајот на светот, зборувал за огромна планина, која во пламен била фрлена во море, а „третина од морето претворено во  крв“.

Според толкувањата тоа може да се однесува на Јелоустоун. Ако вулканот во познатиот национален парк проработи, емисиите на сумпор-диоксид може да убијат 87.000 луѓе и голем дел од САД да биде непогоден за живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот