Норвешка е најуспешната олимписка нација „по глава на жител“

Хорвешка на ЗОИ во Пекинг и ЛОИ во Токио освои вкупно 20 златни медали/ фото: EPA-EFE/Kimimasa Mayama

Норвешкиот весник „ВГ“ на основа на своја инитересна статистика објави дека Норвешка е досега најуспешната олимписка нација „по глава на жител“, односно ако се стават освоените олимписки одличја во однос на бројот на жители на таа земја.

Норвешка освои 16 златни медали на ЗОИ Пекинг 2022 и четири злата на ЛОИ Токио, кои се одржаа минатата година и весникот заклучува дека земјата никогаш не видела освоени 20 олимписки злата во период од 209 дена.

Во споменатата статистика прва е Норвешка која има 20 злата (5,4 милиони жители), зад неа е Шведска (11 злата на 10,4 милиони жители), а трета е Холандија (18 злата – 17,4 милиони жители). САД и Кина имаат освоено по 47 златни медали на летните и на зимските олимписки игри, но земајќи предвид дека имаат многу поголем број жители испаѓаат од конкуренција во оваа статистика.

Норвешка имаше за цел да освои 32 медали на ЗОИ Пекинг, а освои 37, од кои 16 златни, што е најмногу што една земја освоила на едни ЗОИ. Ова се трети ЗОИ на кои Норвешка е на чело на табелата на медали. Претходно беше прва во Сочи 2014 (11 злата) и Пјонгчанг 2018 (14 злата).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот