ФОТО: „Nokia“ ги враќа во продажба своите култни модели

unsplash
unsplash

Светот го очекува нивното претставување и промоција за неколку недели од сега.

Веќе некое време кружат гласини дека компанијата „HMD Global“ планира да вратат во продажба уште два добропознати класични модели на „Nokia“.

Како што претходно направија со легендарните модели „3310“ и „8110“, веројатно „Nokia“ подготвува „модерна верзија“ на препознатливиот модел „6300“ кој важеше за еден од ретките телефони со не`рѓосувачки челик, кој воедно беше многу популарен меѓу деловните луѓе.

Instagram
Instagram

Вториот телефон не е директно модернизирана копија, но би требало да биде инспирација од некогашната серија „Nokia 8000“ позната по механизмот на лизгање и исклучително високиот квалитет на изработка.

Instagram
Instagram

Компанијата „Nokia“ како да си „играат“ со модернизација на своите стари модели докажувајќи дека со мали измени можат сосема нормално да функционираат и во 2020 година. Тие слично направија и со моделот„8910i“ кој имаше куќиште од титаниум, „8800 Gold Arte“ беше „премачкан“ со 18-каратно злато, додека „Sapphire Arte“ имаше вградено сафир во џојстикот.

Instagram
Instagram

Сè уште не е познато дали новите телефони ќе имаат оперативен систем „KaiOS“, како што е случајот со сегашните модели „8110“, „2720 Flip“ и „800 Tough“. Познато е само дека новите модернизирани верзии на култните модели на „Nokia 6300“ и „Nokia 8000“ ќе користат „4G LTE“ технологија.

Instagram
Instagram

Светот го очекува нивното претставување и промоција за неколку недели од сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот