Николовски: Зад нас во претходните години имаше и крв во Собранието, никој не веруваше дека Груевски ќе падне (ВИДЕО)

Во својот настап пред делчевчани, носителот на листата во Третата изборна единица Љупчо Николовски истакна дека ова е завршен настан на коалицијата во оваа изборна единица, а за него било чест да се биде помеѓу граѓаните на Истокот во изминатите неколку дена.

– Им благодарам на тие граѓани за она на што треба да се обврземе и да го работиме во наредниот период. Колку патишта како булеварот, Делчево Ѕвегор, Делчево Пехчево, како градскиот пазар, како многу проекти кои ќе се реализираат, колку такви проекти ќе беа реалност ако парите не се инвестираа во стиропор како Белата Палата или Скопје 2014. Граѓаните ставија крај на тоа во кое во минатото се окупираа и делчевски фирми, хараа овде инспектори, ги уценуваа луѓето и знам ладно беше кога решивме да ставиме крај на тој режим, ладно е и денес, а тоа значи дека ќе победиме за големо изненадување, од тука ќе ја пратиме пораката за крај на режимот, рече Николовски.

Тој рече дека нема дамка зад ниту еден кандидат во ИЕ 3, и затоа пред граѓаните зборува со чист образ.

– Зад нас во претходните години имаше и крв во Собранието. Од раскарана држава и во која некој ретко имаше верба, никој не веруваше дека Груевски ќе падне, а не денес да сме во НАТО. А го срушивме заедно со сите вас, со многу труд со пенкало и глас и ја формиравме Владата и како прв човек на централниот штаб од Делчево ќе кажам дека Владата ќе ја предводи СДСМ ова го покажуваат и сите анкети кои ги прават ренормирани институти, не институти кои на интернет не можете да ги најдете, анкети кои ја потврдуваат вредноста на СДСМ и коалицијата, но клучно е дека граѓаните два спрема еден веруваат дека  СДСМ ќе ја формира новата Влада, затоа што имаме најразнолика коалиција, која ги претставува сите и демократите и социјалдемократите, најмоќна коалиција досега додаде Николовски.

Денес тука, додаде Николовски, даваме збор со градоначалникот, со вашата пратеничка, дека ќе се гради проектираниот пат кој го поврзува Делчево со Кочани, со граничниот премин и со Истибања, заради тоа што нашиот збор вреди.

– Останатите кандидати ги слушаме како ќе удираат боксови, тоа доволно говори дека делат, а ние ставивме крај на делбите и поделбите и покажавме како вистински да се грижите за Истокот. Ќе ги вратиме Македонците во истокот, младите ни требаат тука, да го вратиме достоинствено за сите млади луѓе тука да работата, а да ги извезуваме нашите производи Македонците дома а нашите производи во странство и затоа даваме збор дека ќе го оствариме, додаде носителот во ИЕ 3 од СДСМ и коалицијата „Можеме”, Љупчо Николовски.

Тој рече дека само СДСМ се бори за НАТО и се избори и за новата развојна македонска економија, и овозможи за краток период да се потврди македонскиот јазик и денес да озвозможиме денес грчки премиер да го цитира Блаже Конески, со целата посебност со сето она што е македонско.

– На 15 јули не само што ќе победиме, туку нашата желба е многу чист мандат кој треба да дојде од граѓаните најмногу заради нашата посветеност енергија и ншата одлучност, заради кој го заслуживме овој чист мандат. Да ставиме крај на режимот за да побргу преговараме со Европската Унија, порача Николовски

На 15 јули победува коалицијата „Можеме” затоа што можеме уште повеќе, можеме уште подобро, рече на крај од говорот Николовски пред делчевчани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот