Николов во ЛШ ќе игра против Интер и Реал Мадрид, Пеп го очекуваат дуели против Меси

Бобан Николов ќе биде единствен Македонец кој ќе игра во Лигата на шампионите/ фото:EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Денеска во Истанбул беше извршена жрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, и единствениот Македонец кој ќе игра во елитното наптреварување, Бобан Николов, го очекуваат пресметки со фудбалските гиганти Интер и Реал Мадрид.

Екипата на Шериф за која потпиша македонскиот репрезентативец се наоѓа во групата Д заедно со екипите на Интер, Реал Мадрид и Шахтјхор.

Една од најинтересните групи ќе биде групата А каде се наоѓаат главните фаворити за титулата во ЛШ, Манчестер сити и ПСЖ, а друштво ќе им прават уште и Лајпциг и Бриж.

Исто така големи возбудувања се очекуваат во групите Е и Х. Баерн Минхен и Барселона се наоѓаат во групата Е, додека европскиот шампион Челси се наоѓа во групата Х.

Група А: Манчестер сити, ПСЖ, Лајпциг, Бриж
Група Б: Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто, Милан
Груца Ц: Спортинг, Борусија Дортмунд, Ајакс, Бешикташ
Група Д: Интер, Реал Мадрид, Шахтјор, Шериф
Група Е: Баерн Минхен, Барселона, Бенфика, Динамо Киев
Група Ф: Виљареал, Манчестер јунајтед, Аталанта, Јанг Бојс
Група Г: Лил, Севиља, Салцбург, Волфсбург
Група Х: Челси, Јувентус, Зенит, Малме

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот