Николоска: На 15 јули ти одлучуваш, избери иднина

Само вашиот глас е единствениот начин да го испратиме ДПМНЕ со неговите сателити на единственото место на кое припаѓаат – темната страна на македонската историја, вели Николоска во видео обраќање.

Носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во Шестата изборна единица, Фаница Николоска денеска ги повика граѓаните да гласаат на 15 јули и да изберат иднина.

–  За само три години ви покажавме и ви докажавме дека сме чесни, работливи и успешни. Со крената глава и чист образ го бараме вашиот глас. Само вашиот глас е единствениот начин да го испратиме ДПМНЕ со неговите сателити на единственото место на кое припаѓаат – темната страна на македонската историја, вели Николоска во видео обраќање.

Осврнувајќи се на времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, Николоска посочува дека во тој период осмислено се сопрени евроатланските интеграции и оти според податоците на светските финансиски институции во тој период од државата се изнесени над седум милијарди евра.

– Тоа е повеќе од четири  илјади евра од секој жител, или над 15 илјади евра од секое четиричлено семејство. Со притисоци и уцени им ги одзедоа на сопствениците најголемите приватни фирми, ја приватизираа и партизираа државата. Да не заборавиме дека без партиска книшка и списоци на сигурни гласачи беше невозможно де се вработите, да  напредувате, академски да се образувате, вели Николоска.

Додада дека режимот е сè уште присутен во институции на судството и во администрацијата и затоа, според неа, е потребно граѓаните да го дадат гласот за иднината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот