Никола Митревски е најдобар спортист на Битола за 2019 година

Голманот на Еурофарм Пелистер и на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, е прогласен за најдобар спортист во Битола за минатата 2019 година.

– Сите награди се значајни, но наградата добиена од своите е најдрага бидејќи е дома. Се надевам дека јас и моите колеги од Еурофарм Пелистер, а секако и овие кои се тука наградени ќе бидат мотивација и пример за други идни спортисти – рече Митревски.

Очекувано, најдобра спортска екипа е Еурофарм Пелистер, додека Оливера Наковска-Бикова која ќе ја претставува Македонија на Летните параолимписки игри во Токио во стрелаштво, доби посебно признание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот