Никола Јокиќ нема конкуренција во трката за МВП титулата

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Минатата сезона Никола Јокиќ без сомнение беше најдобар кошаркар во светот. Србинот го предводеше својот тим Денвер нагетс до титулата во НБА лигата, но ниту спектакуларните бројки не беа доволни за нова МВП награда. Џоел Ембид успеа да го освои трофејот за најкорисен играч во натпреварувањето, но неговата ера ќе трае само 12 месеци.

Центарот на Филаделфија Ембид се мачи со повреди оваа сезона и ќе биде без шанса да биде повторно МВП. Затоа, Јокиќ остана без првиот конкурент во битката за престижното признание, додека останатите се далеку од нивото на српскиот центар. Затоа и не чуди што асот на Денвер е главен фаворит за МВП.

Според обложувалниците, Јокиќ нема конкуренција, во претходниот официјален пресек во НБА лигата прв беше српскиот центар, а денеска во традиционалната анкета на „ЕСПН“ се изјаснија експертите и го издвоија „џокерот“ за најдобар.

Српскиот кошаркар доби дури 69 гласови за прво место, 25 за второ, три за трето и три за четврто, вкупно 889 поени, бидејќи 10 поени се доделуваат за прво, седум за второ, пет за трето и само еден поен за четврти.

Втор на листата е Шеј Гилџес Александер кој доби 709 поени, додека трет е Јанис Адетокунбо со само 391 глас. Четвртото место му припадна на Лука Дончиќ, кој собра 260 гласови од експертите.

Центарот на Денвер Јокиќ оваа сезона бележи просечни 26,3 поени, 12,2 скока и девет асистенции по меч, додека шутира 58,2 отсто од поле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот