Никнаа згради на дрвјата во Расадник! (ФОТО) – Слободен печат
ВестиМакедонијаСкопје

Никнаа згради на дрвјата во Расадник! (ФОТО)

Во знак на протест против најавената изградба на 100 згради на просторот на Расадник, група граѓански активисти направија герила акција за да го искажат своето незадоволство.

Во знак на протест против најавената изградба на 100 згради на просторот на Расадник во Кисела Вода, група граѓански активисти направија герила акција за да го искажат своето незадоволство.

Фото: Фејсбук

Со симболичниот приказ, активистите сакаат да се слушне нивната порака:

„Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој што веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе туку 100 нови згради во простор кој што претставува оаза на природата во центарот на градот. Просторот наречен Расадник некогаш бил периферија на градот, а градот се развивал и растел околку него. Токму затоа тој останал остров на биодиверзитетот, во самиот град на просторот Расадникот денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други врсти птици, мали цицачи, влекачи и инсекти. Денеска дрвата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат. Сè е можно во оваа чудесна Македонија која еволуира секојдневно. Прашање на еволуцијата е и кога општинарите и градежната мафијо-индустрија ќе еволуираат и ќе сфатат дека градот не го прават само зградите, туку градот е сложен систем на објекти, простори и вредности во кој место треба да има и за дрвата и за луѓето и за зајаците и за пољанките. А којзнае можеби еволуцијата на општинарите е завршен процес и ова никогаш нема да го сфатат…“

Автор: Екипа урбани уметнички акции 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Еден коментар

  1. Ништо не е подобро и во Струмица, населба карпош, ул.Мајка Тереза, односно војните касарни од златна Југославија. Се јавија многу патриоти,кои ништо не ги интересира освен парите, се град кој каде ќе стигне, ниминимум зеленило иако законот вели дека треба да има минимум 25%, во однос на зградата, зеленило. Ни градежни инспектори, ни комунални ниту пак сганитарни инспектори, мајсторите вршат нужда кај ќе стигнат. Господа таа ми е емајл адреса а друго е што не саката да ја објавите

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close