Ник Кирјос го откажа учеството на „Австралија опен“

фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Ник Кирјос неочекувано се повлече од првиот Грен слем во сезоната – Австралија Опен. Причината е повреда на коленото, поради која не може да игра.

Австралиецот имаше многу болки во коленото по егзибицискиот меч со Новак Ѓоковиќ во Мелбурн минатата недела, а магнетната резонанца покажа дека состојбата е сериозна.

– Егзибицискиот меч со Новак беше проба. Му дадовме шанса, но на секој тренинг имаше болки. Тоа не е повреда опасна по кариерата, но сакавме да избегнеме да се влоши. Многу е реално дека Ник ќе се врати за Индијан Велс – изјави неговиот физиотерапевт Вил Маер.

Евентуалниот дуел меѓу Кирјос и Ѓоковиќ беше можен во четвртфиналето на Австралија опен.

Наместо Кирјос, на негово место во жрепката се најде Денис Кудла („лаки лузер“) кој во првото коло ќе игра против Русинот Роман Сафиулин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот