Ничено: Очигледно е дека мигрантите во БиХ ги насочуваат во Хрватска

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Мигрантскиот камп „Вучјак“ кај Бихаќ, намерно е направен на самата граница со Хрватска, изјави началникот на Управата за граница при хрватското МВР, Зоран Ничено, кој тврди дека полицијата на Унско-санскиот кантон ги насочува мигрантите кон хрватската граница и дека тоа е целосно очигледно од снимките со кои располагаат.

На забелешките на новинарите дека хрватската полиција се обвинува дека илегално ги враќа мигрантите во БиХ, Ничено рекол дека полицијата три или четири години се соочува со такви обвинувања, бидејќи медиумите пласираат информации дека илегалниот премин на државната граница е нешто сосема нормално и дека мигрантите се всушност во право, како и дека се гледа само хуманитарниот аспект на проблемот кој е загрижувачки, пренесува „Хина“.

Ничено додава дека хрватската полиција е загрижена за хуманитарната состојба на мигрантите во БиХ, оценувајќи дека тоа се должи на тоа што не се штити државната граница во БиХ и дека тоа е причина за проблемот на границата на БиХ со Србија и Црна Гора и за влезот на мигрантите во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот