Фото: mediadrumimages/baylissbooks / Media Drum World / Profimedia

Неверојатно ретка копија од првото издание на „Хобитот“ продадена за 43.000 фунти

Ретко прво издание на „Хобитот“ од Џ.Р.Р. Толкин, откриено при чистење на куќа во Бристол, е продадено на аукција за 43.000 фунти (околу 49.500 евра), пишува „Гардијан“.

Тоа е една од 1.500 примероци отпечатени во септември 1937 година, објави аукциската куќа „Аукционум“. Копијата е продадена на приватен колекционер во Велика Британија на аукција во градот Бат.

Кејтлин Рајли, специјалист за книги на „Аукционум“, рече дека „тоа е типична приказна за аукција“.

„Секој сонува да најде скриен редок предмет, и еве нè“, рекла таа.

Таа нагласи дека книгата многу лесно можела да заврши на депонија за време на чистењето на куќата. Цената што „Хобитот“ конечно ја постигна на аукцијата „ја покажува чистата љубов кон делото на Толкин“.

„Иако е напишана пред речиси 90 години, неверојатно е колку е релевантна и популарна сè уште“, додала таа.

Изданието е пронајдено во семејната библиотека на Хуберт Пристли, познат ботаничар од 1930-тите, брат на истражувачот на Антарктикот, геологот Рејмонд Едвард Пристли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот