Неверојатно: Барселона пет години носи опрема на Најки, а нема потпишано договор

Барселона и Најки функционираат на принцип на даден збор и без потпишан договор/ фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Иако повеќе од две децении соработуваат и Барселона е еден од најважните клиенти на Најки, во последните пет години се случуваат навистина неверојатни работи бидејќи шпанскиот тим и производителот на спортска опрема веќе пет години немаат потпишано никаков договор за соработка.

Барселона и Најки имаат усен договор и според истиот ја продолжуваат соработката, но сега е откриено дека тие функционираат на принцип на даден збор и без потпишан договор.
Ова е уште еден од скандалите кои Барселона им ги приреди на своите навивачи и оправдувањето не поминува кај фановите.

Пред пет години, сега веќе поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу соопшти дека се успешно се завршени преговорите со Најки и дека е договорена соработка од 2018 до 2028 година.

Но тогашната управа направи поинаков план, поради финансиската криза тие одлучија дека парите им се неопходни порано, односно пред да истече важечкиот договор. Најки и направи услуга на Барселона, им уплати одредена сума на пари, но потоа двете страни не можеа да се договорат за продолжување на соработката.

Прво во 2018 година кога требаше и официјално да биде потпишан договорот, преговорите се оддолжија, а потоа светот го погоди и пандемијата на коронавируст. Сега, Барселона има нов претседател, Жооан Лапорта кој ќе се обиде да ги заврши преговорите кои не одат во посакуваната насока.
Имено, според шпанските медиуми, Најки воопшто не е задоволен со моментната ситуација во клубот ниту со преговорите и тие сметаат дека договорот мора да се прилагоди на условите кои ги диктира пандемијата на коронавирусот, односно да се намали сумата која клубот треба да ја добива од Најки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот