Неверојатен потег на Челси: Лампард се враќа на клупата на лондонските „сини“!?

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Познатиот фудбалер на Челси и поранешен менаџер на клубот, Френк Лампард повторно би можел да биде предводник на клубот од Лондон.

Лампард (44) ја прифатил понудата на менаџерот на клубот да ги води „сините“ само до крајот на сезоната, а договорот ќе трае до до јуни. Оваа информација ја пренесе Фабрицио Романо кој е добро упатен во случувањата во Англија.

Апсолутен приоритет на Лампард ќе биде да се обиде да ја освои Лигата на шампионите, што нема да биде воопшто лесно бидејќи бранителот на титулата Реал е ривал во четврт-финалето, а во полуфиналето ќе оди на подобриот од двомечот Манчестер сити – Баерн Минхен.

На клупата ќе го наследи Грем Потер, кој беше втор менаџер на клубот во сезоната, откако претходно тимот го предводеше Томас Тухел. Ова ќе биде втор мандат на Лампард на клупата на Челси, претходно ја водеше екипата од 2019 до 2021 година.

Клупска легенда на „Стемфорд Бриџ“, играше за Челси од 2001 до 2014 година и ги освојуваше ЛШ, Лига Европа, трипати Премиерлигата, четири пати ФА купот и двапати Лига купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот