Нетанјаху влезе во коалиција со екстремната десница

Фото: EPA-EFE/DEBBIE HILL / POOL

Ликуд, победничката партија на предвремените парламентарни избори на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, која има задача да формира нова влада, го потпиша својот прв коалициски договор со екстремно десничарската партија „Силен Израел”, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на партијата Ликуд.

Договорот не предвидува целосно и конечно формирање на новата влада, туку на ултранационалистот Итамар Бен-Гвир, лидерот на „Силен Израел”, му го дава министерството за полиција и место во кабинетот на премиерот за безбедносни прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот