Нетанајху на средбата со Блинкен: Одиме во Рафа, со или без американска поддршка

Бенјамин Нетанјаху/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека останува решен да испрати војници во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште, додавајќи дека, доколку е потребно, тоа ќе го стори и без американската поддршка.

Во разговорот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен израелскиот премиер кажа дека нема начин да се победи исламистичкото движење Хамас без да влезе во Рафа.

„Му кажав дека се надевам дека ќе го направиме тоа со поддршка на САД, но ако треба – ќе го направиме тоа и сами“, рече Нетанјаху.

Блинкен пристигна во Израел како дел од интензивните дипломатски напори во текот не неговата нова турнеја низ регионот на Блискиот Исток за да се постигне „траен и непосреден прекин на огнот“ во Газа и да се спречи израелска офанзива во Рафа, пренесуваат британските медиуми.

САД се противат на офанзивата, но Израел тврди дека е неопходна за да се искорени Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот