Несторовски ја најави победата на Удинезе против австрискиот Лиенц

Илија Несторовски („Удинезе“) се враќа во правата гол-форма/Фото: instagram.com/udinesecalcio

Во пријателски натпревар како подготовка за новата сезона екипата на Удинезе со високи 11:0 го совлада Лиенц од Австрија.

Стартер за италијанскиот клуб беше Илија Несторовски кој ја најави гол серијата со погодок во 10 минута од средбата.

По двапати во листата на стрелците се запишаа Ловриќ, Арслан и Макенго, а по еден гол имаа Саксес, Деулофеу, Перејра и Кочета.

Овој месец составот на Андреа Сотил ќе има уште два контролни мечеви против Баер Леверкузен на 21 јули и против Челси на 29 јули.

Потсетување дека македонскиот репрезентативец Несторовски летово потпиша нов договор на една година со Удинезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот