Несторовски останува во Удинезе и следната сезона

фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски и следната сезона ќе игра во Серија А откако го продолжи договорот со Удинезе за уште една година.

Веста дека Несторовски останува во Удинезе и следната сезона ја потврди и италијанскиот тим преку социјалните мрежи. Со ова се стави крај на шпекулациите за неговата иднина бидејќи за напаѓачот имаше интерес од неколку екипи од Серија Б како и од неговиот поранешен тим, Палермо.

– Удинезе објавува дека Несторовски го продолжи договорот до 30 јуни 2023 година, со можност да биде продолжен за уште една година – објави италијанскиот тим.

 

 

Илија Несторовски го носи дресот на Удинезе од 2019 година и досега одигра 57 натпревари на кои даде шест гола. Покрај Удинезе, Несторовски има настапувабо и за Палернмо, Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижжков, Словачко, Победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот