Несекојдневни слики од Јужна Кореја: Илјадници луѓе чекаат ред за да купат маски (ВИДЕО)

Стотици луѓе во Јужна Кореја чекаат во долги редови за да купат заштитни маски за лице, а снимка од дрон покажува колкави всушност се тие редови, пренесува „Дејли меил“.

Снимката е направена денес во градот Тегу, додека луѓето се обидуваат да се заштитат од коронавирусот кој сега предизвикува страв од глобална пандемија.

Јужна Кореја има најголем број на заболени од новиот вирус надвор од Кина, откако заразата за време на викендот се прошири и зарази повеќе од 830 лица.

Засега во Јужна Кореја починаа осум лица. Најголемата група на заболени е поврзана со болница и верска група во близина на градот Тегу на југоистокот на земјата.

Некои авиокомпании во земјата ги суспендираа летовите за Тегу, град од околу 2,5 милиони луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот