НЕПРИЈАТНОСТИ ЗА ЈОХАНЕС ХАН ВО ВИЕНА: Велосипедист налетал на него, па сакал и да го шамара!
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан имал непријатно искуство во Виена каде еден велосипедист прво налетал на него, а потоа му се заканил дека ќе му влепи шамар.
Инцидентот се случил покрај катедралата Штефандсон, кога велосипедистот со голема брзина се залетал во група пешаци меѓу кои биле и Хан и неговата партнерка Сузане Рис Пасер.
Хан рекол дека велосипедистот возел со брзина од најмалку 50 километри на час, а бидејќи во таа прилика го турнал, европскиот комесар му рекол дека тоа не може така и дека тука не може да вози велосипед.
Ситуацијата тогаш ескалирала, а велосипедистот му се заканил на Хан: „Ќе ти влепам шамар“.
Хан тврди дека од нападите на велосипедистот се одбранил со рака, за да се заштити.