Неодамна го победи ракот, а синоќа постигна гол и го победи Манчестер јунајтед

Придонесе во големиот триумф на Мидлсбро во ФА купот против Манчестер јунајтед/Фото: EPA/ROBERT GHEMENT

Мидлсбро во петокот во рамките од четвртото коло во англискиот ФА куп после пенал серијата го елиминираше фаворитот Манчестер јунајтед.

Регуларниот дел заврши со резултат 1:1, како и продолженијата, а после пеналите славеше Мидлсбро со 8:7.

Трагичар во редовите на „црвените ѓаволи“ беше Швеѓанецот Антони Еланга кој не го реализираше својот удар од белата точка.

Најсреќен играч во победничката екипа беше играчот на Мидлсбро, 37-годишниот Сол Бамба од Брегот на Слоновата коска.

Пред само половина година овој фудбалер го победи ракот, а синоќа беше прецизен од пенал, а неговиот тим на крајот успеа да се пласира во следната фаза од натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот