НЕОБИЧЕН ПРОНАЈДОК: Рибар од Тајланд се збогати за 320.000 евра со неверојатно откритие

Фото: Принтскрин/NewsNBT THAILAND

Тајландскиот рибар Јурмус Тиачот (55) шетал по плажа во неговата земја, кога здогледал нешто чудно, предмет тежок околу шест килограми. Бил уверен дека станува збор за повраќаница од кит која во одредени делови од светот има многу висока цена, пренесе српски „Курир“.

Бидејќи Тиачот заработува околу 11 евра дневно, дополнителната заработувачка му одговарала, па започнал да се распрашува кај мештаните за да се спроведе некое тестирање.

Иако тие му рекле дека резултатот е негативен, го посетиле и локални официјални лица кои потврдиле дека навистина станува збор за повраќаница од кит.

– Три соседи дојдоа кога слушнаа што најдов. Земаа неколку примероци и рекоа дека сѐ ќе испитаат, но потоа кажаа дека тестовите ништо не покажале. Сакав да ја знам вистината, па ги контактирав властите. Сега знам за што станува збор и ќе го продадам тоа што го најдов – рече Тирачот.

Се проценува дека содржината од желудникот на китот вреди речиси 320.000 евра, судејќи по тоа како цените претходно се движеле.

Фото: Принтскрин/NewsNBT THAILAND

Експертите утврдиле дека парчето содржи повеќе од 80 отсто од таканаречена амбер која се произведува во дигестивниот систем на китовите кашалот. Иако звучи одбивно, кога ќе се исуши дури мириса пријатно, поради што е многу барана материја во индустријата за парфеми.

Како пример, во 2016 година парче од амбер кое тежело 1,57 килограми е пронајдено во Ланкашир, а потоа продадено за 50.000 фунти. Истата година, три рибари од Оман извлекле 80 килограми од истата материја и го продале за 3 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот