Ненадејно почина белорускиот шеф на дипломатијата Макеи

Владимир Макеи, белоруски министер за одбрана/Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV / POOL

Министерот за надворешни работи на Белорусија Владимир Макеи почина ненадејно во 64-тата година од животот, потврди ресорното министерство.

Агенцијата Белта јави дека Макеи „починал ненадејно“.

Макеи беше на должноста министер за надворешни работи од 2012 година.

На почетокот на неделава тој учествуваше на конференцијата на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) – воен сојуз на неколку постсоветски држави – во Ереван, а во понеделник требаше да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Пред претседателските избори и масовните антивладини протести во Белорусија во 2020 година, Макеи беше еден од иницијаторите на напорите за подобрување на односите на Белорусија со западните земји и ја критикуваше Русија. Но, по почетокот на протестите, тој нагло го смени ставот, тврдејќи дека демонстрациите биле инспирирани од западни агенти.

„Шокирани сме од веста за смртта на шефот на Министерството за надворешни работи на Република Белорусија, Владимир Макеи“, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на својот канал Телеграм.

„Русија наскоро ќе ја објави веста за официјалното сочувство“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот