Немил настан на семеен одмор во Ниш, поскок каснал 14-годишно момче од Македонија

unsplash
Фото: Илустрација

Четиринаесетгодишно момче од Македонија е примено на Детската клиника во Ниш, каде лекарите му дале противотров откако било каснато од поскок. Детето нема компликации и се опоравува во болница, пишуваат српските медиуми

Момче било каснато од поскок за време на семеен одмор во Ниш.

– Денес, на Детската клиника е примен малолетен пациент со повреда од каснување од змија на лицето. Имаше оток на левиот образ, кој беше саниран. Добил Антивиперинум и нема никакви компликации, добро реагирал – велат од Клиничкиот центар во Ниш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот