Нема доволно чипови за производство на автомобилите на Фолксваген

Архива на СП

Германскиот производител на автомобили Фолксваген има се повеќе проблеми со набавките, особено со чиповите, а неговата позиција во преговорите во некои случаи е значително ослабена, призна шефот на секторот за набавки Мурат Аксел.

Фолксваген минува низ промена, откако некогаш ги диктираше пазарните услови, а сега е помал и помалку важен клиент за добавувачите во нови важни области како софтверот, објасни Аксел.

Други компании нарачуваат милиони чипови неделно или дневно, а ние бараме милион годишно, што ја намалува неговата преговарачка моќ, објасни Аксел.

„За продавачите на софтвер, ние сме мал играч, а не голем“, додаде тој.

Запрашан како моментално гледа на ситуацијата со снабдувањето со чипови, Аксел рече дека очекува благо смирување на тензиите во наредната година, но Фолксваген, сè уште не може да ја одржи побарувачката и некои брендови се распродадени во 2023 година, објави Хина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот