Неколку скопски населби и села утре без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Дел од корисниците од населбата Петровец, лоцирани на улиците „5″, „7″, „9″ и на дел од улицата „1″, утре од 8:00 до 11:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и дел од потрошувачите од улиците „22″ и „20″ во населбата Кисела Јабука, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од дел од селото Идризово, од 10:00 до 14:00 часот делот од улицата „Антон Димитров” на потегот од улицата „Скендер Бег” до улицата „Робеспјерова”, како и улиците „Радое Дакиќ” и „Скендер Бег” во населбата Драчево, а од 11:00 до 14:00 часот делот од село Арачиново во близина на СЕИД-Маркет.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот